Канцелариска столица Смарт ХБ

12.500 ден

Шифра: S207

Канцелариската столица RFG Smart HB поседува: механизам за навалување, потпирач за глава тапациран со мрежаста ткаенина, лумбална форма, тапациран со мрежаста тканина и фиксни полиуретански потпирачи за раце.

Бесплатна достава за нарачки над 3000 мкд.

важи само за Скопје. За другите градови, испораката се наплатува според ценовник на карго компанијата.!

Време на испорака: 1-2 работни дена

Опис на производот

  Добро да знаете
– Канцелариската столица RFG Smart HB поседува висока потпора
– Канцелариската столица RFG Smart HB има ергономски дизајн
– Канцелариската столица RFG Smart HB е изработена од високо квалитетни материјали

Димензии:

Должина на потпирач за раце 300 mm
Должина на седиштето 445 mm
Ширина 590 mm
Висина 1150 – 1270 – 1330 mm
Висина на седиште 435 – 555 mm

Боја: црна, сива, сина, зелена, црвена, портокалова, тегет, светло сина
Стил: модерен
Тркала: 5
Макс. издржлива тежина: 120 кг.
Материјал: дамаск

Комбинирај со…
Комбинирајте ја Канцелариската столица RFG Smart HB со бирото AIR со димензии 1800x800x740mm и обезбедете си максмиална удобност додека работите.

Зошто ја сакаме
Фатете го бранот на успехот со канцелариската столица RFG Smart HB. Оваа столица има современ дизајн со ставен акцент на удобноста и приспособливоста. Транспарентниот мрежест потпирач за грб помага да циркулира ладен воздух дури и во најстресните моменти.

Канцелариската столица RFG Smart HB поседува интуитивни контроли кои што овозможуваат лесно прилагодување. Идеаленa за модерна канцеларија, оваa е столица што ги задоволува барањата на било кое динамичното работно место. Оваа столица е комбинација на модерен дизајн, практичност и многу придобивки за вашето тело, ова столче е одличен додаток на канцеларијата.

Еден од најдобрите квалитети е на овој производ е седиштето, изработено од висококвалитетна пена и ткаенина дамаск. Оваа столица е погодна  за да го задржи вашето тело во вистинската положба и ќе ви обезбеди стабилност во текот на целиот денот. За поголема удобност за време на работата, столот има Tilt механизам кој ја елиминира напнатоста во телото и ви овозможува подвижност дури и кога седите.

Моќта на нишање е индивидуална и зависи од тежината врз седиштето, а доколку не сте љубител на механизмот за лулање, можете да ја заклучите положбата на столот според вашите преференции. Благодарение на лумбарниот облик на потпирачот за грб, столчето ја следи секоја кривина на рбетот, помагајќи му на телото да ја намали напнатоста и заморот и да ја одржи вашта енергијата во текот на целиот ден. Додека пак, фиксираните полиуретански потпирачи за раце обезбедуваат целосна слобода на движење и удобност додека работите.